Трка на Поезијата 2022

  • 01.02.2022

Драги пријатели, тркачи и љубители на трчањето.

Чест ни е да Ве поканиме да учествувате на второто издание на "Трка на Поезијата" кое ќе се одржи на 22 Мај 2022 година во Струга.

 

Оваа година за сите Вас подготвивме интересни пакети со надеж дека секој ќе може да се пронајде во некоја од понудените опции.

 

Ќе може да се пријавите на трките од 5 км и 10 км, со опција за бирање на соодветен пакет. За прв пат оваа година нудиме опција за регистрација само со стартно бројче - стандард пакет и опција за регистрација со комплетен пакет (ранче, маица и поклони од спонзори).

 

Изборот е Ваш а обврската е наша. Која обврска? Обврската да организираме настан кој ќе остане запаметен по убавата енергија и насмевките изгравирани во мозаикот на прекрасниот град Струга.

 

Регистрација низ фази:

1.      Фаза 01-28.02.2022

2.      Фаза 01-31.03.2022

3.      Фаза 01-30.04.2022

4.      Фаза 01-17.05.2022

 

Посетете го нашиот портал, www.poetryrun.mk,  и резервирајте го Вашето место за второто издание на Трка на Поезијата.

 

Со почит,

Спортски Мостови Струга

Сподели