Струга — град во југозападниот дел на Република Македонија и административен центар на истоимената општина. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро. Има 16.559 жители (2002 г.) и се наоѓа на 171 километар југозападно од главниот град Скопје.

Како настанала Струга?!

Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу профитирано заради тоа што се наоѓала на патот Вија Егнација, кој ги поврзувал Источното и Западното Римско Царство. Археолошките наоди и откриените пишувани споменици зборуваат дека животот овде датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3.000 години п.н.е. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од старословенскиот збор „страга“ што означува премин.

Клима

Според географската положба на Струга, климата односно температурите, Струга има суптропска клима, но влијание има со своите воздушни струи и континеталната клима. Заокруженa со планински предели на запад се наоѓа Јабланица, на североисток Караорман и на југоисток Галичица, како и отвореноста на Струшкото Поле по долината на реката Црн Дрим и Сатеска кон север, условиле пониски годишни температури. Максималните воздушни температури во месеците јули и август можат да варираат од 28°С – 33°С. Во летната сезона односно месеците јули и август, температурата на водата може да достигне дури 26,4°С.

Просечниот број на денови со летна температура на воздухот повисока од 25°С и на површинскиот дел на водата од езерото од 20°С, изнесува од 73-78 денови, со најголем интензитет во јули и август. Во зимскиот период од годината средните месечни температури се над нулата. Во планинските делови над 1600 м.н.в. температурите пониски од 0 степени започнуваат од декември до крајот на март.

struga and ohrid lake