Рок за регистрација

Рокот за регистрација е до 23.59.59 часот на 12-ти Мај 2024 година. После тоа, ќе можете да направите само доцна регистрација во канцеларијата за трки за време на ЕКПСО на 24 и 25 Maj 2024 година.

* Регистрација на денот на трката ќе нема!

Која е минималната возраст за учество?

Учесниците на главната трка на 10км мора да се постари од 16 години, учесиците на рекреативната трка од 5км може да се постари од 13 години, а додека на детската трка учесниците да не се постари од 13 години.

Како да се регистрирате на Трка на Поезијата?

Пријавување за учество преку Интернет (Задолжителна регистрација) на веб-страницата на трката www.poetryrun.mk, или доколку не сте во можност да уплатите преку интернет ќе се обратите на contact@poetryrun.mk за детална информација.

Дали ми треба медицинско уверение?

Медицинско уверение не е потребно, сами сте одговорни за Вашата психофизичка и здравствена состојба.

Каде ја гледам мојата регистрација, ако веќе сум регистриран?

Овде можете да ја најдете целосната почетна листа за Трка на Поезијата за сите трки.

Потврда за регистрација

Потврдата за регистрација ќе ви биде испратена по завршувањето на вашата уплата преку е-пошта. Потребно е да ја понесете со Вас потврдата во тврда копија или со прикажување на е-поштата за да го добиете Вашиот стартен број.

Промена на Вашите податоци

Ако сакате да ги промените вашите податоци кои што ги користевте за регистрација, само испратете ни е-пошта на contact@poetryrun.mk, до последниот рок за регистрација. За какви било прашања, јавете ни се: +389 77 736 553 / Работни денови од 09:00-15:00... или контактирајте се преку е-пошта contact@poetryrun.mk или пак на официјалните социјални страници на нашата трка.

За време на ЕКСПО не е возможно измена на вашите лични податоци, доколку имате потреба тоа направето го до последниот рок за регистрација

Откажување од Трка на Поезијата.

Не е возможно да се откажете од трката. Ако не можете да трчате на трката, од која било причина, не можеме да Ви ги рефундираме средствата.

Кога и каде можам да го набавам стартниот пакет за трката?

Стартните пакети може да се подигнат во Кампинг Скаут, Локација од Google Maps

Може ли да го земам комплетот за трка на денот на трката?

Не.

Може ли да го подигнам стартниот пакет за трката на друг натпреварувач?

За да ја го подигнете стартниот пакет на друг натпреварувач, мора да ја покажете неговата / нејзината потврда за регистрација.

Каде е почетокот на трката?

Почетокот на сите трки е на чаршискиот мост! Ве молиме, бидете на почетокот на време, за да избегнете стрес, напнатост или наплив. На левата и десната страна има доволно место за гледачи на стартот.

Дали трката е сертифицирана?

Да, трката има национален сертификат.

Каква е патеката на трката?

Патеката на трката е речиси тотално рамна, со што поголемиот дел се трча покрај Охридско Езеро, патеката е претежно на асвалтиран пат и мал дел поплочен покрај Црн Дрим.

Дали се дозволени животни на патеката?

Не е дозволено да трчате на трката со животно.

Што можам да направам ако мојот резултат недостасува или е погрешен?

Ве молиме, јавете ни се на +389 77 736 553 или контактирајте преку е-пошта - contact@poetryrun.mk

Освежителни пијалоци

Освежителни станици на трката ќе има на секои 2.5км. Повеќе информации за тоа ќе објавумаме рамномерно на нашите социјални страници.

Завршно освежување

По завршувањето на трката ќе Ве донесат во областа со точката за освежување каде што ќе бидете освежени со овошје, топли пијалоци, изо - пијалоци и вода.

Тоалети

Тоалети ќе бидат поставени во областа на стартно завршнта зона.

Друштво на трката

Не е дозволено да има какво било друштво на велосипед или друго превозно средство на патеката. Ако некој Ве придружува, ќе бидете дисквалификувани.

Медицинска помош

Ве молиме, започнете ја трката само ако Вашата здравствена состојба е добра. Ако ви треба медицинска помош за време на трчањето, трчајте или одете до следната станица за медицинска нега. Во крајната област црвениот крст ќе обезбеди медицинска нега.

Музика за време на трчањето

За музика по патеката ќе се погрижиме ние. На Вас Ви препорачуваме да не користите средства за музика каде што ќе ви го одвлечат вниманието. Ова е поврзно со вашата безбедност, и секоја незгода е ваша одговорност.

Дали ќе добијам медал?

Да, сите учесници кои што ќе ја завршат успешно ќе добијат медал по завршувањето на трката (со исклучок на детската трка)