Претседателот Михајло по повод второто издание!

  • 25.05.2022
Трка на Поезијата - Poetry Run – второ издание
Ден втори од завршетокот на манифестацијата, уште обземен од емоциите кои ме допираат, од сите пораки добиени во овие два дена, сега е момент да Ви се обратам на сите и да го дадам мојот фидбек околу целиот настан.
Да започнам со едно големо БЛАГОДАРАМ на сите учесници на овој настан, БЛАГОДАРАМ мои стружани. Како организатори на Трка на поезијата, сигурен сум дека не Ве изневеривме, туку напротив се покажавме во уште подобро светло од минатогодишното издание. Лани протоколи, правила, прописи – се во знакот на ковидов, годинава тешка година – финансиска криза која не зафати сите нас. Среќен сум што и двете години стојам на чело на оваа манифестација, и заедно со мојата екипа (Маја, Селим, Марјан, Деки, Биле, Сеад и Мими) напривиме настани за паметење во нашиот ни убав град. Да се разбереме, организицаија на 1100 учесници и не е мала работа 😉 треба планирање низ целата година, сериозно е – верувајте. И мислам дека градов наш и нема ваков настан. Пак да кажам 1100 учесницни, и уште х 3-4 пати повеќе публика (сума сумарум, настан од 4-5000 луѓе). Бројка за почит и респект.
Тешка година сите знаеме, но екипата позади мене е верувајте многу јака. Успеавме, сработивме, организиравме, угостивме, истрчаа, ги попративме – како што доликува на едни добри домаќини.
Сега, не е само екипата позади мене заслужна за овој настан. Да изразам огромна благодарност на оние кои веруваа во нас (кај оние што го „обеливме образот“) :
- Благодарност до сите кои дојдоја да трчаат оваа година во Струга и кои го збогатија овој настан
- Благодарност од градоначалникот на Струга, Г-дин Ramiz Merko - Faqja Zyrtare и Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga која верува во нас
- Благодарност до сите спонзори кои помогнаа за овој настан да биде на ниво како што заслужува (а тоа се МАГНА, PlusPharma Apteki и Мац, ХАЛК Банка, Армариум и Далибор, Рафи, Zhuta Design, АМС и директорот Naumce Mojsovski, Hotel Bograd - Apartments & Lounge Station, Sky Drini, Амикус фарма и Елена, ABBA од Струга која беше одговорна за dress code-от на волонтерите...)
- Благодарност на сите оние кој на свој начин помонгаа во овој настан (Ноче, Vitalia Healthy Food, Promedika Struga и најдобрата докторка во Струга Д-р Лилјана Лазареска, Примавита аптека, Картал винарија, Barabar Mezebar заедно со Боро и Мики, Кире од Маркоски 73, бате Nikola Klimoski , Hristijan Kovaceski и неговата УНИПЛАСТ)
- Благодарност до МВР единица Струга која беше на врвот на задачата и без грешка го спроведи и сработи нивниот дел
- Благодарност до Комунално Струга за прекрасно сработено и исчистено пред и после целиот настан
- Фала на Симона Спировска и на бато Деко Dejan (не му спомвам цело име) за прекрасното водење на настанот. Фала и на ДЏ Kukunes Tome за фантастичната музика и за одличната забава. Тркачите, а и публиката уживаа со сите вас.
- Фала на сите сликари кои беа дел од вој настан.
Особено сум горд и на нешто кое не успеа лани, а годинава беше черешната над шлагот на тортата – детската трка. Плачев од среќа кога ги гледав дечињата кои се растрчаа од мостот до судот во Струга и назад. Толку среќни детски лица, среќни родители, баби, дедовци, немам видено на едно место.
Уживваме и во поетскиот дел. Секоја чест на Ана, која победни на овогодинешниот конкурс „Мојата трка“ со нејзината песна ДО ЦЕЛТА. Да напоменам, лани имавме само 13 творби, оваа година 45.
И на крај, да кажам дека оваа манифестација нема да биде онака како што е, доколку ги немаме нашите 150 ВОЛОНТЕРИ. Луѓе, како што викаат „Ви симнувам капа“ за тоа што го правите волонтерски за овој настан. Меѓу другите тука се и Rupicapra MTB Struga, Црвен Крст, волонтерите пожарникари, ЖРК Стружанка, Шуцо...
Среќен сум што оваа година се обори и ланскиот рекорд (кај мажите), бидејќи како поранешен професионале спортист знам што значи соборување на рекорд и што тоа значи за самата трка. БРАВО Дарио. Сега се надевам дека тоа време, ќе биде мотив за догодина да ни дојдат и уште поспремни трчачи, кои ќе се обидат да го „рушат“ тој рекорд.
На крај, ние како организатори уживавме, вие како публика уживавте, натпреварувачите се потеа (и уживаа), а Струга блескаше во полн сјај.
Датум за до година е испланиран и ќе биде објавен наскоро.
Екипата иста. Трките исти. Наградите побројни. Ви ветувам дека за догодина ќе донесеме број на тркачи повеќе од 1100 (тоа ќе ни биде озбилен предизвик).
Бидете ми пред се живи и здрави, среќни и весели. Ние сме тука да направиме нешто убаво за градот, нешто убаво за сите Вас. Вие го заслужувате тоа.
Ваш Михајло.
Сподели