Настанот се пополнува, почитување на мерките за Ковид-19 задолжително!

  • 10.03.2021

Почитувани,

 

Градската трка во Струга што се организира за прв пат во историјата на градот речиси е исполнета. Веќе сме до бројката 450 со што ни остануваат само уште 50 стартни пакети за пополнување на максималниот број дозволени натпреварувачи. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме ние и целиот свет, бројот мора да е ограничен поради почитување на мерките кои што ги наметнува самата ситуација. Ние како организатори и Вие како натпреварувачи ќе мора да се придржуваме до мерките кој што ги препишуваат надлежните иституции со цел да не настане поголемо влошување на ситуацијата. 

 

Треба да сме свесни дека Ковид-19 е веќе 1 година меѓу нас во Македонија и нешто повеќе од 1 година во светот. Мора максимално да го почитуваме протоколот за заштита што го изготвува Министерството за здравство и целосно да се потпираме на него како една од главните мерки за движење и комуницирање со нашите најблиски, пријатели, колеги итн.

 

Нашето здружение во соработка со медицински лица и консултации со епидемиолози го изработи и го надоградува протоколот за пред трката, за време на трката и после трката. Истиот протокол ќе се проследува и до одговорните институции во нашата држава со цел никој да не биде загрозен. Подготвени сме за максимален надзор за почитување на истиот протокол. Многу голема помош ќе ни биде доколку сите Вие учесници на настанот, тркачите, волонтерите и спозорите на самиот настан заедно со нас максимално ги почитуваме протоколите како за самата трка така и надвор од неа за да не дојде до никакви компликации при организирањето на истата.

 

 

 

Ви благодариме, 

 

Здружение на граѓани за унапредување на спортот и организирање на спортски настани „Спортски Мостови“ Струга.

Сподели