Трка на Позијата на 23 мај за прв пат во Струга!

  • 09.01.2021

Струга отсекогаш пленела со својата убавина и уникатност. Овој преубав град истовремено лежи и на езеро и на река и има посебна магија која не сакаме никогаш да згасне. Струга е позната како град на поезијата, па време е да твориме нова поезија: поезија на спортот, на здравиот живот и на младиот дух што засекогаш ќе тлее во душата на стружани. 

Време е заедно да испишеме нови страници во градот на поезијата. Повелете заедно да трчаме, рецитираме и да уживаме.

Како што би рекле стружани:

Ела да трчате со нас на 23 мај 2021 г.

Сподели